Македонските одбојкарски екипи во машка и женска конкуренција ги добија противниците за новата сезона во Челинџ Купот.
Одбојкарите на Вардар ќе играат против словенечкиот тим Волеј Камник додека составот на Струмица за противник ја има екипата на Омонија од Никозија. Женскиот состав на Вардар на стартот на сезоната ќе ги одмери силите со Хамелина од Финска.
Првите мечеви ќе бидат одиграни во термонот од 8 до 10 октовмри додека реваншите се предвидени во терминот од 13 до 15 октомври.