Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија на теренот на Еибар со 3-0 а статистичарите пресметале дека токму по тој пораз „кралевите“ го имаат најлошиот пласман во Примера Дивизион гледано во последниве дваесетина години.
Актуелниот европски првак по 13 одиграни кола се наоѓа на дури шестата позиција со само 20 бодови и гол-разлика од 20-19. Статистиката вели дека Реал Мадрид прима два гола по натпревар што покажува дека одбраната е послабиот дел во екипата.
Тимот немал таков катастрофален дефанзивен ефект уште од сезоната 2008/09 кога беше на четвртата позиција во најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.