Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, откри дека започнал преговори со челниците на тимот за продолжување на договорот.
Холанѓанецот има тековна соработка до крајот на сезоната но, се надева дека ќе остане подолго на стадинот „Енфилд“.
„Целосно сум фокусиран на Ливерпул. Во моментов немам поим што ќе донесе иднината. Можам само да кажам дека преговорите заочнаа. Се чувствувам многу добро и физички и психички“ – рече корпулентниот стопер.

