Новото засилување на Арсенал, Мартин Одегар, зборуваше за тоа колку му било тешко да се прилагоди во својот поранешен тим Реал Мадрид, што сепак му помогнало да стане посилен.
„Имав многу тешки моменти и во првиот тим и во вториот тим на Реал. Бев близу до најголемите играчи и тоа ме направи посилен. Чувствувам дека многу пораснав благодарение на Реал Мадрид. Имав некои тешки времиња, но исто така ќе се сетам на многу добри работи. Да се биде толку близу до најдобрите во светот е посебно. Научив многу од играчи како Серхио Рамос и Кристијано Роналдо. Кога сте блиски со личност како Рамос, тоа е посебно. Има многу за учење. Но, во Норвешка се обидувам да бидам со капитенската лента на свој начин. Понекогаш може да биде тешко. Не е лесно да се интегрирате во јадрото на соблекувалната. Живеете малку подалеку и станувате поосамени. Можно е културата во соблекувалната да е различна од онаа на која бев навикнат во Штромгодсет. Сепак, ова ме направи посилен и јас сум многу среќен и задоволен што го доживеав. Би рекол дека разликата помеѓу Арсенал и Реал Мадрид е голема. Мислам дека тоа е случај во најголемите клубови. Многу сум среќен во Арсенал, каде во соблекувалната има посебна атмосфера“, рече Одегард во интервју за норвешката ТВ2.