Еден од најдобрите фудбалер на Арсенал оваа сезона, Мартин Одегард призна дека неговиот тим сега веќе „нема надеж“ да ја освои титулата во Премиер лигата.
„Топчиите“ загубија со 3-0 од Брајтон и го ставија Манчестер Сити на прагот на титулата, на кој му е потребна само една победа во последните три натпревари за да ја одбрани шампионската титула и оваа сезона.
„Сега ќе биде многу тешко, мора да бидеме искрени“, рече капитенот на Арсенал.
„Не е добро чувството во моментов. Начинот на кој игравме, особено во второто полувреме, не знам што се случи да бидам искрен. Сега се чувствувам како да нема надеж“.