Македонската репрезентација во бразилска џиу-џица освои 18 медали на престижниот турнир во Босна и Херцеговина. Нашите 15 натпреварувачи обезбедија вкупно шест златни, шест сребрени и шест бронзен медали. Собирот во БИХ беше одлична проверка пред – „Абу Даби џиу-џицу Про Македонија, Скопје“, настан, кој ќе се одржи на 26 октомври.
Златни медали освоија Даниела Алексовски, Ева Илиевска (категорија, апсолутна), Филип Митревски, Томи Блажевски, Вања Милевски.Сребрени медали им припаднаа на Михаил Поповиќ, Александар Колевски, Никола Петрушевски, Андријана Цветковска, Ања Чивчиристовска, Бојан Манчевски.Додека бронзени медали освоија Александар Поповиќ, Никола Петрушевски (апсолутна), Марко Петровски, Кристијан Илиевски, Андријана Цветковска (апсолутна), Јорго Проја.
Македонскиот селектор Ивица Алексовски е задоволен од постигнатиот успех на македонските репрезентативци и најави уште поголем успех на предстојниот голем спортски настан кој ќе се одржи на 26 октомври годинава во Скопје во организација на Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”, Македонската Федерација за Бразилска џиу џица и Агенцијата за млади и спорт.