Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Одличен рекорд на голманот на Баер Леверкузен
    Фудбал

    Одличен рекорд на голманот на Баер Леверкузен

    risteBy riste06/05/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, во неделата постави рекорд за странски голман во Бундеслигата, забележувајќи го својот 292-ри натпревар.

    34-годишниот фински чувар играше во победата на Леверкузен од 5:1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше, Швајцарецот Јан Зомер.

    „Сакам да ги читам весниците и написите од натпреварот и ги видов тие информации денес. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клуба“, изјави Храдецки за ДАЗН.

    Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настап за клубот пред да се пресели во Баер Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за Баер Леверкузен.

    Тоа беше и првпат да победи со Леверкузен во Франкфурт по неговиот трансфер.

    „Проклетството конечно беше скршено по пет години. Секогаш се чувствуваш убаво кога ќе се победи овде со домашната екипа и овој пат тоа го направивме како гостин“, додаде Лукас.

    Храдецки оваа сезона со Леверкузен ја освои Бундеслигата на пет кола до крајот. Тимот е на рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. „Серијата продолжува, се надевам уште пет натпревари. Едноставно е задоволство да се игра со Баер во моментов“, изјави Храдецки.

    Следниот натпревар Баер Леверкузен ќе се соочи со Рома во реваншот од полуфиналето на Лига Европа. Баер го доби првиот натпревар со 2:0 во Рим минатата недела. Потоа гостуваат во Бохум на претпоследниот натпревар во Бундеслигата. Германскиот шампион ќе ја заврши шампионската сезона на домашен терен со Аугсбург.

    Баер Леверкузен се соочува и со второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на германскиот куп на 25 мај.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.