Мечевите на Мундијалот во Русија ги следеле повеќе од 3 милиони фанови на фудбалот. Натпреварите се одржаа во 11 градови низ целата земја.
На сите 64 натпревари имало точно 3 милиони и 31 илјада и 768 присутни. Според тој индикатор, Светското првенство во Русија влегува во петте најпосетени Светски првенства во историјата. Повеќе гледачи имало само во 1994 година во САД (3 587 538), 2006 во Германија (3 359 439), 2010 во Јужна Африка (3 178 856) и 2014 во Бразил (3 429 876).
Просечното присуство на натпреварите во Русија беше 47.371 гледач. Во финалето на стадионот “Лужники” во кој Франција ја победи Хрватска со 4: 2, имало 78 011 гледачи.