Пливачка на ПК Бета од Скопје Ана Јаневска учествуваше на отвореното првенство во Нетанија, Израел каде имаше успешен настап.
Ана Јаневска успеа да освои златен медал во дисциплината 50 метри делфин каде и постави нов државен рекорд со време 28,94 што беше доволно да ја оствари нормата за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес.
Исто така освои второ место во дисциплината 50 метри слободно и трето место во дисциплината 100 метри делфин.