Фудбалерот, Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг, е блиску до преселба во Челзи, според авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Веста ја објавија и повеќе од британските медиуми. Според информациите, трансферот ќе биде вреден 60 милиони евра и ќе стапи на сила од јуни во 2023 година, бидејќи германскиот клуб ја прифатил понудата на „сините“.
Францускиот фудбалер се повреди во последен момент и остана надвор од составот на Франција за Светското првенство.