Новак Ѓоковиќ рано утрово требаше да ги одмери силите со Себастијан Корда во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, но ова соочување на крајот беше одложено.
Имено пред нив имаше неколку драматични мечеви, поточно програмата се одолжи и на крајот беше одлучено битката меѓу Србинот и Американецот да се не одржи во согласност со правилата на АТП, натпреварот да не започне по 23:00 часот по локално време.
Новиот термин е веќе одреден, па Ѓоковиќ и Корда ќе играат вечерва од 21:30 часот.
Победникот ќе игра со Григор Димитров кој по драма и скоро три часа игра го доби Франсиско Серундоло од Аргентина.

