Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги одложи натпреварите кои требаше да се играат денес за следниот викенд.
За денес беа предвидените пет натпревари од првото пролетно коло на Првата фудбалска лига. По обилните врнежи на снег во цела држава од ФФМ одлучија сите натпревари да се префрлат за следниот викенд.
„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во ПМФЛ што требаше да се одиграат денеска ги одложува за следниот викенд“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.
Вчера во Струмица беше одигран натпреварот меѓу Академија Пандев и работнички, а го доби гостинската екипа со 0:1, а средбата беше одиграна во снежни услови и студено време.

