Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хaг, на крајот на сезоната ќе одлучи дали ќе ги задржи на „Олд Трафорд“ дефанзивецот Виктор Линделоф и играчот од средниот ред Скот Мектоминeј.
Познато е дека Швеѓанецот влегува во радарот на Интер и на Атлетико Мадрид додека репрезентативецот на Шкотска е трансферна желба на Њукасл.
Линделоф во сезонава има 21 меч додека Мектоминeј има постигнато два гола и направено една асистенција.