Денеска со ждрепка беа одредени двојките за првото коло од најмасовното домашно фудбалско натпреварување, Купот на Македонија. Во првото коло ждрепката сакаше бранителот на трофејот Шкендија да се сретне со екипата на Кожув, додека вицепрвакот Вардар за противник го доби тимот на Вардар од Форино.
Во останатите двојки ќе играат:
Струга Трим Љум – Победа
Кораб – Борец
Влазрими 77 – Беласица
Вардар Неготино – Скопје
Фортуна – Работнички
Лабуништа – Академија Пандев
Кит-Го – Шкупи
Поешево – Брегалница
Кожуф – Шкендија
Вардар Форино – Вардар
Осогово – Пелистер
Тетекс – Гостивар
Братство-Влазними – Силекс
Тиквеш – Ренова
Превалец – Македонија ЃП
Мечевите од првото коло се закажани за 22 август.