Викендов во Будо центарот “Недеви” беше одржан 57-от. МТКФ Државен шампионат во кати во традиционално карате. На шампионатот учествуваа околу 90 каратисти од 15 клуба од Македонија.
Победници во кати во своите категории станаа: Берта Милевска кај сениорките, Матеј Мангаровски – јуниори, Камелија Недев – кадетки.
На 18 мај 2025 година ќе се одржи државниот шампионат во кихон и кумите за сите возрасни категории, а на 31 мај и 1 јуни во Неа Мудања, Грција ќе се одржи 37-от. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети и 7-от. ЕТКФ Европски куп за деца.

