На денешната редовна седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени неколку одлуки, а меѓу нив беа утврдени цените на влезниците за домашните натпревари на македонската А репрезентација, репрезентацијата до 21 година и женската А репрезентација.
А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 14 ноември 2021 година,18:00 часо
Влезници по цена од 150 и 300 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;
Репрезентација до 21 година: МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 16 ноември 2021 година,18:30 часот
Влезници по цена од 100,150 и 200 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;
Женска А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ
Охрид, стадион „Билјанини Извори“, 26 октомври 2021 година, 13:30 часот
Влезници по цена од 100 денари на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“;
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.
У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;
У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров;
У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето;

