Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сео одржа ждрепка за новата сезна во Првата македонска фудбалска лига.
Првенството ќе брои дванаесет екипи. Меѓу нив досега непознаница беше учеството на Ренова, за која и натаму не се знае дали ќе биде дел од претстојниот шампионат или не. Сепак, Ренова беше вклучена во ждрепката и според ова ќе имаат свое мество во распоредот.
Еве кој со кого ќе игра во првото првенствено коло:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Љум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓорче Петров – Ренова
Новата натпреварувачка сезона во Македонија започнува на 6 август со пресметките од првото коло.
Во продолжение, распоредот на ПРВА МФЛ до 22. коло според „Бергер“ систем, додека по одигрување на 22. коло се игра според словенечки систем.