Арсенал официјално го објави потпишувањето на крилниот напаѓач Нони Мадуеке од лондонскиот ривал Челзи во договор вреден околу 52 милиони фунти.
„Топџиите“ веќе некое време бараат нов крилен напаѓач, а интересот за Мадуеке првпат беше објавен кон крајот на јуни. По успешните разговори со Челзи и агентот на играчот, трансферот сега е завршен.

Мадуеке станува четвртото големо засилување на Арсенал ова лето, откако веќе ги потпиша Мартин Зубименди, Кристијан Њоргор и голманот Кепа Аризабалага. Се очекува Арсенал да ги финализира и договорите за Кристијан Москера и Виктор Гокерес во наредните денови.
По две и пол години на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот Мадуеке пристигнува на „Емирати“ со надеж дека ќе ја оживее својата кариера. Тој има 92 настапи за Челзи, постигнувајќи 20 гола, освојувајќи ја Лигата на конференцијата и Светското клупско првенство со клубот ова лето. Мадуеке има и седум настапи за Англија.
Арсенал се надева дека ќе го комплетира својот состав со уште две засилувања пред нивната предсезонска турнеја во Азија, каде што ќе се соочат со Милан и Њукасл во Сингапур, пред да играат со Тотенхем во Хонг Конг.

