Карим Бензема и официјално се пресели во Ал Итихад.
Саудијците вечерва го објавија трансферот на напаѓачот кој си замина од Реал по 14 години минати во клубот. Договорот на 35-годишниот Французин е до 2026 година.
Претходно стана јасно дека Бензема ќе заработува по 100 милиони евра од сезона. Покрај тоа ќе биде и амбасадор на С. Арабија за организација на СП 2030 година, за што ќе добие бонус од 20 милиони евра.
Ал-Итихад го освои шампионатот на Саудиска Арабија оваа сезона пред Ал-Наср на Кристијано Роналдо.