Марсело Биелса е новиот селектор на Уругвај. Аргентинскиот стручњак ќе ги предводи двократните светски шампиони на патот до СП 2026 година.
Уругвајската фудбалска федерација не ја откри должината на договорот, но се верува дека вклучува опција за продолжување на уште една година доколку Уругвај се квалификуваат за светското финале во САД, Мексико и Канада.
Биелса последен пат беше на чело на Лидс Јунајтед, но англискиот клуб го отпушти во февруари 2022 година. Познатиот Аргентинецот, по трет пат ќе води репрезентација. Помеѓу 1998 и 2004 година беше селектор на Аргентина, а од 2007 до 2011 година работеше со репрезентацијата на Чиле.
На клупско ниво, Биелса беше тренер на Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лил и Лидс.