Македонскиот фудбалер Бојан Миовски и официјално е нов играч на Џинора, а со тоа го направи трансферот на кариерата затоа што ќе игра во најдобрата шпанска лига Примера. Така, Македонија по две сезони пауза во шпанската елита повторно ќе има двајца репрезентативци, откако голманот Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано ова лето направи трансфер во Валенсија.
Бојан Миовски треба да го пополни испразнетото место во нападот на Џирона по заминувањето на Артем Довбик. Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој што минатата сезона беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Двете страни веќе потпишаа договор на четири сезони, а Миовски поради условите и амбициите на Џирона во новата сезона воопшто не размислувал за прифаќање на оваа понуда. Миовски се истакна со своите добри игри во шкотскиот клуб Абердин со постигнати 26 гола.

