Реал Мадрид официјално го објави новиот тренер на тимот, Чаби Алонсо. Договорот на Шпанецот е за следните три сезони до 30 јуни 2028 година, објави клубот.
Шпанецот го менува Карло Анчелоти, кој последен пат го водеше Реал вчера во победата од 2-0 против Сосиедад.
Чаби Алонсо има 236 официјални натпревари како фудбалер за Реал помеѓу 2009 и 2014 година. Во овој период, тој освои шест трофеи со „кралевите“.
Тој ја започна својата тренерска кариера во академијата на Реал Мадрид, каде што го водеше тимот до 14 години во сезоната 2018-2019. За утре, понеделник, е најавена неговата официјална промоција.

