Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Донарума е нов голман на ПСЖ
    Фудбал

    Официјално: Донарума е нов голман на ПСЖ

    risteBy riste14/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Завршено е со трансферот на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ. Младиот италијански репрезентативен голман е нов член на клубот од Париз, со кој потпиша договор кој ќе има важност до 2026 година.

    Европскиот првак со Италија заминува од Милан како слободен играч по осум години поминати во оваа екипа и се приклучи на „светците“.

    Во Париз, Донарума според најавите ќе добие годишна плата од 12 милиони евра, а во наредните пет години може да исполни и разни дополнителни бонуси. Последната понуда на Милан беше за четири милиони евра пониска, па голманот се реши за нов предизвик во кариерата.

    Целиот трансфер беше договорен за време на Европското првенство, но двете страни решија да се официјализира по крајот на ЕП. Донарума ќе треба да се бори за местото прв голман во екипата со Кејлор Навас, кој имаше одлична сезона по која што го продолжи договорот со клубот. На штотуку завршеното Европско првенство, Донарума беше еден од главните алку во екипата и на крајот го доби признанието најдобар играч на ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сејдини: Имаме успешна приказна

    27/05/2023

    Левандовски: сега видов колку значи титулата за навивачите

    27/05/2023

    Алардајс верува дека ќе го спаси тимот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.