Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед предмлаку и официјално го потврди големиот трансфер откако потпиша договор со холандскиот фудбалер Дони Ван де Бек.
23-годишниот играч кој настапува во средниот ред долго време се поврзуваше со оваа екипа, а потпиша петгодишен договор до 2025 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Сумата која Манчестер Јунајтед му ја плаќа на Ајакс за неговите услуги е 37 милиони евра. Тој доаѓа од Ајакс каде минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна 10 гола и 11 асистенции.
Се очекува за тимот на Оле Гунар Солскјер тој да биде големо засилување. Ова ќе биде прво искуство за Дони Ван де ббек надвор од Ајакс односно од Холандија.