По долги преговори и најавувања , Манчестер Јунатед го потврди трансферот на Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец пристигна на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд каде настапуваше изминатите неколку сезони.
21-годишниот талентиран фудбалер потпиша долгогодишна соработка со „црвените ѓаволи“ со договор кој е со важност до 2026 година. Во Германија одигра четири сезони и постигна 50 гола и 64 асистенции.
„Секогаш ќе бидам благодарен на екипата на Борусија Дортмунд што ми даде можност да играм првотимски фудбал, иако секогаш знаев дека еден ден ќе се вратам во Англија. Шансата да се приклучам на Манчестер Јунајтед е остварување на сонот и едвај чекам да настапам во Премиер лигата“ , изјави Џејдон Санчо.
Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед одлучи во клубот од „Олд ТРафорд“ да го носи дресот со број 25, додека во Борусија ја носеше седмицата која во Манчестер Јунајтед му припаѓа на Едисон Кавани.