Един Терзиќ ја напушти Борусија Дортмунд, соопштија од клубот. На негово барање беше раскинат договорот на 41-годишниот тренер.
Фудбалскиот стручњак одржа состанок со раководството на кој му се исполни желбата. Терзиќ минатата сезона ја предводеше Борусија до финалето на Лигата на шампионите, губејќи со 2:0 од Реал Мадрид.
Во Бундес лигата тимот заврши на петтото место. Тој го презеде клубот во летото 2022 година, а имаше уште една сезона од договорот.
Весникот „БИЛД“ пишува дека голема е веројатноста негов заменик да биде Нури Шахин, а во неговиот стручен штаб ќе се приклучи Свен Бендер. Тие до сега му беа помошници на Терзиќ.