Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, својата клупска кариера и официјално ја продолжува во Германија, каде што ќе го носи дресот РБ Лајпциг.
Откaко денес ги помина лекарските прегледи, Елиф Елмас го стави својот потпис на договорот со екипата на РБ Лајпциг , чиј дрес ќе го носи до 2028 година.РБ Лајпциг се согласи да ја плати бараната сума од 25 милиони евра на Наполи, за да го доведе македонскиот репрезентативец кој треба д аго замени Форсберг.
24-годишниот Елмас досега беше дел од Наполи каде дојде од 2019 година, а одигра 141 натпревари, на кои постигна 14 гола. Со тимот го освои скудетото минатата сезона. Претходно, Елмас играше за Фенербахче и Работнички.