Сагата за трансферот на Антоан Гризман во Барселона завршки откако клубот од Каталинија официјално го објави доаѓањето на напаѓачот.
Каталонците ја плаќаат клаузулата по неговиот договор со Атлетико Мадрид од 120 милиони евра, а Французинот ќе биде обврзан со шампионот на Шпанија до летото 2024-та година. Ако некој сака да го купи претходно, ќе мора да платите обештетување од астрономски 800 милиони евра.
„Барселона го привлече Антоан Гризман откако плати 120 милиони евра на Атлетико Мадрид. Тој ќе потпише со нас до 30 јуни 2024 година, а неговиот договор ќе има откупна клаузула од 800 милиони евра. Наскоро ќе ги објавиме деталите за неговата презентација”, пишува во официјалното соопштение на клубот.
Светскиот шампион со Франција соопшти уште во средината на мај, дека ќе го напушти Атлетико, но по само 2 месеци подоцна имаше многу големо заострување на односите меѓу двата клуба.
28-годишниот фудбалер направи одличен настап уште во Реал Сосиедад, по што Атлетико го купи за 30 милиони во 2014-та, за да се етаблира како еден од најдобрите напаѓачи во светот.
„Со доаѓањето во Барселона Французинот прави уште еден чекор напред во својата кариера и се етаблира како еден од најдобрите во светот” додаваат на сајтот на Барса.