Барселона и официјално го објави потписот со германскиот репрезентативец од Манчестер Сити, Илкај Гундоан.
Минатата среда беше потпишан договорот со играчот, а директорот на Барселона, Матеу Алемани одлета во Минхен за да ги потпише документите. Гундоан ќе му се приклучи на клубот откако ќе му истече договорот со Манчестер Сити на крајот на месецот. Германецот стави крај на седумгодишниот престој во премиерлигашот и ќе се пресели во Барселона како слободен фдубалер.
Договорот е на 2+1 година. Активирањето на опцијата за продолжување ќе зависи од бројот на натпревари кои Гундоан ќе ги одигра во втора сезона во дресот на Барса.