Манчестер Сити и официјално го објави потписот на Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. Хрватот веќе е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, а трансферот е вреден 90 милиони евра. Претходниот рекорд го држеше Хари Мегваер, кој од Лестер се пресели во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра. 21-годишниот хрватски дефанзивец потпиша на 5 години со „граѓаните“ и неговиот договор е до 2028 година. Фудбалерот ќе го носи тимот со број 24.
„Отсекогаш сонував да играм во Англија еден ден и да го правам тоа сега со Манчестер Сити – по сезоната што штотуку ја имаа – е вистинска чест за мене. Секој кој го виде Манчестер Сити како игра минатата сезона, знае дека ова е најдобриот тим на светот. Освојувањето на тројната круна кажува се што треба да се знае за квалитетот што го поседува овој тим“, изјави самиот Јошко Гвардиол.
Гвардиол во текот на кариерата досега играше само за Динамо (Загреб) и РБ Лајпциг. Во текот на две сезони во татковината освои две титули на Хрватска, еден домашен куп и еден Суперкуп. Од неговата преселба во РБ Лајпциг во 2021 година, Гвардиол одигра 87 настапи, постигнувајќи пет гола и освојувајќи два Купа на Германија. Тој исто така има 21 натпревар и 2 гола за репрезентацијата на Хрватска, освојувајќи го бронзенипт медал на Светското првенство во Катар.