Официјално: Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан

0

Златан Ибрахимовиќ официјално потпиша нов договор со Милан, кој ќе го задржи во клубот до јуни 2022 година. Се проценува дека Швеѓанецот се согласил неговата плата да биде 7 милиони евра.

Претходниот договор на 39-годишниот ветеран беше до 30 јуни, но тој се договори со раководството на Милан и ќе остане на „Сан Сиро“ по неговиот 40-ти роденден, што е на 3 октомври.

Ова е втор период на Ибрахимовиќ во Милано, кој се врати во клубот во јануари 2020 година и веднаш стана клучна фигура во екипата. Досега има 130 натпревари во црвено-црниот дрес, на кои постигна 84 погодоци и направи 32 асистенции.

Share.

Leave A Reply