Реал Мадрид официјално го објави името на својот нов тренер. Станува збор за Карло Анчелоти, за кого ова ќе биде втор период на чело на тимот.
Во претходниот престој на „Сантијаго Бернабеу“ помеѓу 2013 и 2015 година, тој го донесе 10-от трофеј во Лигата на шампионите во Кралскиот клуб. Неговиот договор е за следните три сезони, со што ќе го замени Зинедин Зидан, кој и самиот реши да го напушти тимот. За да го преземе Реал Мадрид, Анчелоти мораше да го раскине договорот со неговиот досегашен клуб Евертон.
Клубот додаде дека 61-годишниот тренер ќе го потпише својот договор утре во присуство на претседателот Флорентино Перез, а веднаш потоа ќе биде неговото претставување пред медиумите како тренер на тимот.

