Екипата на Леванте објави дека постигнале договор за ангажманот на Хорхе де Фрутос од Реал Мадрид.
Се шпекулираше изминатите денови дека токму овој млад крилен играч е еден од оние кои ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, а еве токму тоа и се случи. Шпанецот потпиша 5 годишен договор , а Леванте на шампионот на Шпанија за овој 23-годишен играч ќе му плати 5 милиони евра.
Од Реал Мадрид не успеаа да издејствувата повратна клаузула, но затоа ќе добијат 50% од наредниот договор на играчот.