Лидерот на табелата во Премиер лигата и актуелен европски шампион, Ливерпул утринава го потврди трансферот на Такуми Минамино од Ред Бул Салцбург.
Јапонскиот фудбалер станува дел од екипата на Ливерпул отккао успешно ги поминал лекарските прегледи во текот на вчерашниот ден. Откако го потпиша својот договор со Ливерул, Минамино го искажа своето задоволство што ќе игра во Англија.
„Одењето во Ливерпул беше мојот сон. Јас сум воодушевен што конечно дојде овој момент. Играњето во Премиер лигата беше една од моите цели. Верувам дека ова е најсилното првенство во светот. Мислев дека еден ден ќе можам да одам во Англија, ако мојата кариера се развива непречено, но никогаш не помислив дека ќе го носам дресот на Ливерпул. Среќен сум што се случи ова. Со нетрпение очекувам да излезам на теренот. Што се однесува до натпреварите со Ливерпул, во нив дознав што значи овој клуб. Чувствував дека играм против победниците во Лигата на шампионите. Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим. Мојата цел е да ја освојам Премиерлигата и Лигата на шампионите, како и да дадам максимален придонес за успехот на клубот“, изјави Минамино за официјалната веб страна на Ливерпул.