Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ОФИЦИЈАЛНО: Луис Енрике е нов тренер на ПСЖ
    Фудбал

    ОФИЦИЈАЛНО: Луис Енрике е нов тренер на ПСЖ

    risteBy riste05/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шпанскиот стручњак Луис Енрике е назначен за нов тренер на Пари Сен Жерме. Ова беше објавено на прес-конференција во Париз.

    Да напоменеме дека почетокот на прес-конференцијата посветена на претставувањето на новиот тренер неколку пати беше одложувана. 

    Како и потпишувањето на официјалните документи, преговорите со Кристоф Галтие за раскинување на договорот се одолговлекуваа поради финансиски спорови, како и поради ситуацијата во која се најде Галтие.

    Самиот тренер ќе се соочи со судење за наводи за расизам и дискриминација подоцна оваа година. 

    По назначувањето на Луис Енрике за тренер а ПСЖ тој ја даде и првата изјава:

    „Одушевен сум што се приклучувам на ПСЖ, ќе уживам во новото искуство. Навистина е возбудливо да запознаеш нови луѓе, да живееш во овој град и да учиш нов јазик. Над сè тоа, највозбудливо е што ќе бидам тренер на овој клуб“, изјави Енрике. 

    Енрике беше без работа од јануари 2023 година, кога ја напушти шпанската репрезентација откако беше елиминиран од Светското првенство во 1/8 финалето од Мароко. Шпанскиот стручњак има освоено девет трофеи за време на неговиот престој во Барселона. Неговиот договор со ПСЖ е до 2025 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.