Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ и официјално го објавија трансферот на 24-годишниот играч за врска, кој потпиша договор на 5 години со можност за продолжување на уште една година.
Претходно беше објавено дека трансферот на Маунт ќе го чини Манчестер Јунајтед 55+5 милиони фунти. Платата на Англичанец ќе биде од 250 до 300 илјади фунти неделно бонуси.