Хари Мегуаер е официјално најскапиот дефанзивец во светот откако е потврден неговиот трансфер од Лестер во Манчестер Јунајтед.
Англискиот репрезентативец ги чини „црвените ѓаволи“ 80 милиони фунти, надминувајќи го Вирџил ван Дајк, кој се пресели во Ливерпул за 75 милиони фунти. Манчестер Јунајтед е задоволен што го потврди трансферот на Хари Мегуаер од Лестер. Тој потпиша договор за 6 години со опција за уште една сезона“, напиша на веб-страницата Манчестер Јунајтед.
„Многу сум среќен што сум дел од еден ваков одличен клуб. Уживав во моето време во Лестер и сум им благодарен на сите за нивната поддршка во текот на овие две сезони. Сепак, кога Манчестер Јунајтед ве сака, тоа е неверојатна можност. Возбуден сум од визијата и плановите на менаџерот и сега со нетрпение го чекам почетокот на сезоната“, рече Мегуаер.
„Хари е еден од најсилните дефанзивци во светот и ние сме задоволни што го обезбедивме неговиот потпис. Тој е лидер на теренот, ладен и безкомпромисен, па затоа е фантастично засилување за клубот. Го поздравувам и јас сум возбуден што ќе соработувам со Хари“, рече менаџерот Оле Гунар Солскјер.