Тренерот Диего Симеоне го обнови договорот со Атлетико Мадрид до летото 2022 година. Така се ставени крај на шпекулациите за разделба меѓу него и клубот по крајот на сезоната.
Популарниот „Чоло“ е прв човек на клупата на Атлетико од 2011 година. Под негово раководство до овој момент тимот одиграл 412 натпревари, од кои победил на 252 средби. Во 216 од нив Атлетико Мадрид не примил гол.
Симеоне има седум трофеи како тренер на „јорганџиите” – титула во „Ла Лига“, Куп на Шпанија, Суперкуп на Шпанија, две титули од Лига Европа и две Суперкуп титули на Европа. Покрај тоа, тимот играше и две финалиња во Лигата на Шампионите, но ги загуби.