Ал Хилал денеска го објави потписот на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар. Саудискиот клуб на својата страница на Твитер објави видео презентација на Бразилецот.
Претходно беше објавено дека 31-годишниот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со клубот. Ал Хилал ќе му плати на Нејмар околу 160 милиони евра за две сезони. Отштетата за ПСЖ ќе биде околу 100 милиони евра.
Претходно, Нејмар играше за Сантос (2009-2013), Барселона (2013-2017) и ПСЖ (2017-2023). За последниот клуб одигра 173 натпревари, постигна 118 голови и даде 77 асистенции.

