Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Објавено формирањето на Суперлигата, ќе има 20 клубови
    Фудбал

    Официјално: Објавено формирањето на Суперлигата, ќе има 20 клубови

    risteBy riste19/04/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Долго најавуваниот план на најголемите фудбалски клубови во Европа се официјализираше. Синоќа и официјално беше потврдено основањето на европската фудбалска Суперлига, каде ќе играат најдобрите екипи од стариот континент и ќе ги заменат настапите со Лигата на шампионите.

    Незадоволни од третманот кој го имаат од УЕФА, гигантите на европскиот фудбал одлучија да си формираат свое натпреварување каде секоја недела ќе играат супер-квалитетни натпревари, нешто што веќе го има со кошаркарската Евролига. Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул, Челзи и Тотенхем се екипите кои официјално прифатија да бидат дел од оваа лига. Неофицијално, потврда имаат дадено уште Баерн Минхен, а најавено е приклучувањето на РБ Лајпциг и Порто. Според планот лигата ќе биде составена од 20 тима, од кои 15 ќе имаат загарантирано место секоја година (екипите кои се наведени, плус три, се претпоставува дека тоа се Баерн, РБ Лајпциг и Порто), додека останатите пет ќе бидат екипи кои ќе играат бараж за да добијат место во новоформираната елитна лига.

    Од првите информации кои беа објавени, екипите ќе добиваат по 350 милиони евра за учество во оваа лига, па тоа го потврдува мотивот за да се реализира овој план. УЕФА и ФИФА вчера најавија остри санкции и им се заканија на клубовите и играчите кои ќе настапуваат во Суперлигата.

    Прв човек на фудбалската Суперлига ќе биде Флорентино Перез, а негов заменик претседател е Андреа Ањели од Јувентус, додека заменик-раководител е Џоел Глејзер од Манчестер Јунајтед.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.