Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Облак потпиша нов договор со Атлетико Мадрид
    Фудбал

    Официјално: Облак потпиша нов договор со Атлетико Мадрид

    risteBy riste17/04/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Словенечкиот голман во редовите на Атлетико Мадрид Јан Облак потпиша нов договор со шпанскиот клуб, објавија на официјалниот сајт  на клубот. Новиот договор ќе го задржи Облак на „Ванда Метрополитано“ до 30 јуни 2023 година.

    Облак пристигна во клубот во текот на летото 2014 година, кога Атлетико Мадрид го купи од португалскиот гигант Бенфика. Младиот голман на Олимпија Љубљана има веќе над 200 натпревари во дресот на Атлетико и во над 100 од нив имал „сува мрежа”.

    Облак е избиран за најдобар фудбалер на Словенија во изминатите 4 години, а во сезоната 2015/16 и сезона 2016/17 беше дел од идеалниот тим на годината на Лигата на шампионите. Во сезоната 2017/18, пак, беше дел од идеалниот тим на годината во Лига Европа.

    „Многу сум среќен со продолжувањето на договорот и со тоа што сум тука. Ќе бранам боите на овој клуб со сите сили и ќе продолжам да работам напорно”, изјави 26-годишниот голман.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Чодри ќе замине на позајмица

    10/08/2022

    „Спарси“ ќе треба да ја зголемат понудата

    10/08/2022

    Рабиот бара голема плата во Јунајтед

    10/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ауди и Порше не брзаат со иновациите
    • Чодри ќе замине на позајмица
    • „Спарси“ ќе треба да ја зголемат понудата
    • Рабиот бара голема плата во Јунајтед
    • Африканците добија дозвола од ФИФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.