Италијанската влада го одобри продолжувањето на националното првенство во јуни. „Серија А ќе продолжи во јуни. Одлуката беше одобрена од Владата“, пренесоа медиумите во Италија.
Претходно беше објавено дека раководството на Серија А го одобри 13 јуни како датум за продолжување на првенството. Многу е веројатно дека викендот на 13 јуни ќе се искористи за одигрување на преостанатите четири натпревари од 25-то коло, кои беа одложени во март: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари.
Потоа ќе следува доигрувањето на останатиот дел од првенството кое ќе продолжи од 20 јуни, а секоја екипа ќе игра ист број на натпревари. Лидер во Серија А е Јувентус, кој по 26 кола има 63 бодови, додека на второто место е Лацио со 62 освоени бода.