Големата ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен и официјално потпиша нов договор со актуелниот шампион во Серија А.
Договорот е до јуни 2026 година, а има ослободителна клаузула во висина од 130 милиони евра. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште од летото тврдеше дека Нигериецот повторно ќе потпише, а вчера изјави дека двете страни се многу блиску до нов договор. Тоа е веќе факт неколку часа пред гостувањето на Наполи кај Рома и е еден вид божиќен подарок за навивачите на Наполи.
Осимен ќе добие значително зголемување на платата и сега ќе добива 10 милиони евра по сезона по оданочување.
Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се поврзуваа со Осимен и големината на ослободителната клаузула веројатно нема да ги одложиекипите кои се заинтересирани за него следното лето.
Досега оваа сезона 24-годишниот Нигериец одигра 17 натпревари на кои постигна 8 голови и имаше 3 асистенции.