Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го објави назначувањето на Покетино
    Фудбал

    ОФИЦИЈАЛНО: ПСЖ го објави назначувањето на Покетино

    risteBy riste02/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ПСЖ и официјално потврди за назначувањето на Маурисио Покетино за нов тренер. Аргентинецот потпиша договор со клубот од француската престолнина до 30 јуни 2022 година, со опција за дополнителна година.

    48-годишниот Маурисио Покетино има историја во ПСЖ каде, како централен бек и капитен на клубот оствари 95 настапи помеѓу 2001 и 2003 година, постигнувајќи 6 гола. Маурисио Покетино дојде во Европа од Њуелс Олд Бојс, а настапуваше за Еспањол пред да дојде во ПСЖ. Како тренер ги водеше екипите на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, а сега ќе го предводи тимот на ПСЖ

    „Јас сум навистина среќен и почестен што станав нов тренер на ПСЖ”, изјави Маурисио Покетино по потпишувањето на неговиот договор.

    „Би сакал да се заблагодарам на управата на Клубот за довербата што ми ја дадоа. Како што знаете, ова е клубот кој отсекогаш имал посебно место во моето срце. Имам прекрасни спомени, особено од уникатната атмосфера на „Паркот на принцовите“. Денес се враќам во клубот со многу амбиција и сум желен да работам со некои од најталентираните играчи на светот. Овој тим има фантастичен потенцијал и мојот стручен тим и јас ќе сториме сè што можеме за да го направиме најдоброто за ПСЖ во сите натпреварувања“ изјави Покетино.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.