Реал Мадрид и официјално потврди за потпишувањето за договорот со Ендрик и со тоа ја победи конкуренцијата во трката за потпис со бразилскиот талент Ендрик.
Документацијата е потпишана и договорот е комплетиран во изминатите 24 часа. 16-годишникот ќе пристигне меѓу „кралевите“ во летото 2024 година.
Првичниот договор ќе го задржи во Мадрид до 2027 година. Ќе има и клаузула за дополнителни три години. Реал Мадрид за него ќе плати максимум 60 милиони евра.
Ендрик е уште еден во низата бразилски таленти. Локалните медиуми во Бразил го споредуваат со Роналдо и Ромарио, што носи голем притисок и очекувања од неговата кариера.