Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо се враќа во Манчестер Јунајтед, потврдија „црвените ѓаволи“. Фудбалерот ќе го потпише договорот со клубот откако ќе добие виза и ќе помине лекарски преглед.
Британските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед му понудил на Јувентус 25 милиони евра за 36-годишниот Португалец, а договорот на Роналдо со британскиот клуб ќе трае до 2023 година.
Претходно беше објавено дека Манчестер Сити има намера да му понуди договор на Роналдо до 2023 година, но одеднаш клубот се откажа , па беше објавено дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за ангажман на Кристијано, кој веќе играше за „црвените ѓаволи“ пред да се пресели во Реал.
Welcome , @Cristiano #MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021