Како што беше најавено изминатите неколку денови, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја потврди одлуката на денешниот состанок во врска со промената на домаќинот на финалето на Лигата на шампионите.
Русија поради воениот конфликт со Украина остана без можноста да биде организатор односно домаќин на финалниот натпревар, па така мечот за трофејот во најсилното клупско натпреварување во Европа наместо во Санкт Петербург на „Газпром Арена“ се сели во Париз на стадионот „Стад де Франс“.
Иако се шпекулираше дека Англија би можела да биде нов домаќин, односно стадионот „Вембли“ и усште два лондонски стадиони, сепак финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра во Франција.