Раководството на Севиља одлучи да се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли, соопштија од клубот. Причина за отказот на аргентинскиот стручњак е незадоволителниот настап на тимот во Ла Лига.
Иако тимот добро се движи во Лигата на Европа, каде во четврт-финалето ќе го пречека Манчестер Јунајтед, тимот продолжува со лошите настапи во првенството. Севиља загуби со 2:0 од Хетафе викендот и има само една победа во последните 5 натпревари во Ла Лига, останувајќи блиску до зоната за испаѓање.
Официјалното соопштение на клубот:
„ФК Севиља го раскина договорот со тренерот Хорхе Сампаоли по поразот на тимот од Хетафе, кој не врати близу до местата за испаѓање. Фактот што тимот не може да се симне од дното на табелата откако тој го презеде и имиџот што го понуди во последните неколку натпревари на тимот го натера клубот да ја донесе оваа одлука, барајќи реакција во последните дванаесет натпревари, кои остануваат до крајот на Ла Лига.ФК Севиља му се заблагодарува на Сампаоли за неговите услуги и му посакува многу среќа во иднина. Во последните неколку часа клубот работеше на изнаоѓање нов тренер и намерата е да го преземе тренерот на тренингот закажан за 18 часот попладнево“ се вели во соопштението на клубот.
Сампаоли по втор пат беше на чело на Севиља откако беше на чело на почетокот на октомври минатата година. Негов наследник се очекува да биде баскискиот стручњак Хозе Луис Мендилибар кој последен пат го предводеше Алавес.