По 22 -годишно владеење на клупата на Арсенал, Арсен венгер во јуни си заминува од „топчиите“. Веста денеска ја потврди авторитетниот BBC.
Французинот заминува една година пред да истече неговиот актуелен договор.„
„Топчиите“ се шести во Премиер лигата и не успеаја да дојдат до позиција која води во Лигата на шампионите. Сега ќе се обидат тоа да го направат преку Лигата на Европа, но само доколку ја освојат.
68-годишниот француски стратег освои три титули во Премиер лигата и седум ФА-купови, вклучувајќи ја и двојната круна во 1998 и 2002 година.
„Благодарен сум што имав привилегија да му служам на клубот толку многу незаборавни години. Управував со клубот со целосна посветеност и интегритет“, порачал Венгер.
Акционерот од Арсенал, Стен Кронке, ја опиша оваа потврда од Венгер како “еден од најтешките денови што клубот ги имал во последните десетлетија“.