Вест Бромвич официјално објави дека го отпуштиле Славен Билиќ од менаџерското место на тимот. Неговиот стручен штаб заминува со него.
Хрватот пристигна во клубот летото 2019 година и го врати тимот во Премиер лигата во својата прва сезона. Во тековната сезона, сепак, тимот е на 19-то место на табелата со само 7 поени од 13 натпревари. Така, Билиќ стана првиот ослободен менаџер во англиската елита за сезоната 2019/20.
Според англиските медиуми, фаворит за негов наследник е искусниот Сем Алардајс, кој последен пат го предводеше Евертон во 2018 година.

